Вести Култура

Почина поетот и прозаист Георги Сталев

Друштвото на писателите на Македонија ја информира јавноста дека минатата недела, на 30 декември 2025 г. во деведесет и петтата година од животот починал најстариот член на писателската асоцијација, Георги Сталев- Поповски. Тој беше поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки.
Сталев- Поповски завршил Филозофски факултет во Скопје. Помеѓу другите ангажмани, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Бил член на ДПМ од 1956 година, првиот член на Друштвото, примен во Асоцијацијата по заслуга на неговите достигнувања како книжевен преведувач. Бил добитник на голем број награди, помеѓу кои (двапати) „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен ловоров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ (МЕС-Сараево, 1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на град Скопје „13 ноември“.
Георги Сталев- Поповски е актуелен како еден од авторите на збирката раскази „Она што се памети живее“ („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ (2025), во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на таткото Стале Попов, корифејот на македонскиот роман. Вечна му слава!
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе