Вести Економија Топ вести

Електродистрибуција ќе чита броила и за време на празниците за да нема паушални сметки за струја

Откако на почетокот на годинава стигнаа поплаки од граѓани за паушални сметки за електрична енергија од  „Електродистрибуција“ во писмен допис објансуваат дека во наредниот период ќе врши отчитување на броилата со цел потрошувачите да добиваат сметки со реална, а не прогнозирана потрошувачка на струја.

За престојните празници ќе има организирани вонредни екипи кои ќе ги отчитуваат броилата. Тврдат и дека изминатиот период е зголемен процентот на проверени броила.  Од комапнијата велат и дека почнале телефонска комуникација со околу 10 илјади потрошувачи кои поднеле приговори или поплаки за фактура за решавање на проблемот.

Од Електродистрибуција упатија и апел до граѓаните да продолжат со одговорно трошење на електричната енергија во текот на зимата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе