Вести Економија Македонија

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

„Криминални политики со тендери и неспособност во енергетиката се двете единствени причини поради која сите граѓани на Македонија ќе плаќаат поскапа струја и поради што се воведува кризна состојба“, реагираат од СДСМ.

Потсетуваат дека за само година и половина владата на Мицкоски ја довела најголемата државна енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс.

  • Оваа година има историски најниско производство на домашна струја, нема ниту 3.000 GWh од планирани 5.100 GWh. Катастрофално лошо, велат СДСМ.

За да се надминат овие загуби власта купува скапа струја од увоз, за многу повисоки цени отколку што би било ЕСМ да ја произведува дома, смета опозицијата.

  • Колку тоа ги чини граѓаните? 77 милиони евра е официјална загуба за само првите два квартали од 2025 години, со проекција од над 100 милиони евра загуба до крајот на 2025 година. Дополнително, над 110 милиони евра ЕСМ има земено нови кредити за само 18 месеци. Тоа се над 200 милиони евра! Зошто во сред зима нема најмалку 300.000 тони јаглен на депонија, како основен услов за сигурно зимско производство? Зошто мазутот не е набавен навреме, туку сега панично се бара решение? Прашуваме: Дали постои веќе избрана фирма за снабдување со мазут?, прашуваат од СДСМ.

Владата прогласи кризна состојба на пазарот со струја

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за 36-годишник кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил силување на 12-годишно дете

Tea Dimkovska

Швајцарците на референдум ќе одлучуваат дали населението треба да се ограничи на 10 милиони жители

Tea Dimkovska

Украдена биста од гробно место на градските гробишта Бутел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе