Бојкот ќе има денеска во Управата за водење на матични книги. Во знак на револт поради неисполнување на ветувањата од надлежните и непотпишување на колективни договори, вработените нема да ги извршуваат свиоте работни задачи иако ќе бидат присутни на работните места. Ова го најавија од Независниот синдикат на Управата. Нема да се издаваат изводи од матичните книги, венчаници, ниту други официјални потврди.
Доколку не се исполнат ветувањата изјавија дека не се исклучува можноста и за генерален штрајк.
Од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) наведуваат дека бојкотот е предупредувачка мерка, откако во изминатата година не бил постигнат договор со надлежните институции околу барањата на вработените.
Од синдикатот велат дека тие се незадоволни и од ниските плати и условите за работа. Бараат линеарно зголемување на платите од 20 проценти.
