Вести Економија Македонија Топ вести

ЕВН предлага за 6 отсто да се зголеми цената на струјата, предлогот наскоро пред регулаторите

Предлогот на ЕВН Хоум е цената на струјата да се зголеми за околу 6 отсто. Во пресметката на универзалниот снабдувач се влезени сите потребни параметри односно новата повисока цена за мегават час по која ЕСМ ќе му ја продава струјата на ЕВН за домаќинствата и малите потрошувачи.

Тука влегува одлуката на регулаторна за пренос и дистрибуција која се донесе пред неколку дена.

Според информациите од ЕВН Хоум за Телма, откако ќе се соберат сите трошоци и ќе се аплицира маржата за универзалниот снабдувач од 9,9 проценти се добива зголемувањена вкупната цена за домаќинствата, со вклучена мрежарина во просек од 5,9 отсто.

Информираат и дека во пресметката не се земени предвид остварените трошоци во претходните години кои беа констатирани, а кои се одложувани од регулаторната комисија за други периоди.

Ова како што објаснуваат се прави затоа што ако се пресметаат и овие трошоци во сегашни услови би предизвикало дополнително зголемување на цената.

Предлог одлуката за новата цена на ЕВН Хоум ќе ја достави на увид до регулаторите до крајот на неделава.

Потоа регулаторната комисија треба да каже дали пресметката е добра или ќе треба да се коригира. Новата цена на струјата ќе важи од први јануари.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска – Давкова: Да имавме консензус поинаку ќе гледаа на нас – не треба да одиме надвор без да се договориме дома

Дејан Дејан

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе