Активистите од „Сите за Палестина“ објавија дека го „поправиле игралиштето на пропагандата“, поставувајќи нови натписи на македонски, албански и англиски со името „игралиште ‘Газа’“.
Тие реагираат на детското игралиште во Аеродром, кое пред околу еден месец беше реновирано со средства од Израелската амбасада и свечено отворено од министерот Тимчо Муцунски, амбасадорката Вивиен Ајзен и градоначалникот Дејан Митески.
Во својата објава активистите тврдат дека проектот бил искористен за „јакнење на израелската воена пропаганда“, наведувајќи дека во Газа се уништени илјадници животи, а децата живеат во глад, страв и инвалидитет.
Нагласуваат дека имаат должност да се спротивставуваат на секоја дехуманизација и да потсетуваат дека секое оправдување на насилството е удар врз човечкото достоинство. Според нив, изменетите табли ја пренесуваат „вистината“ за она што се случува во Газа.
T.Д.
Извор на фотографија: Социјални мрежи
