Претседателот на СДСМ Венко Филипче по денешната средба со коалиционите партнери изјави дека сите се согласиле дека е огромна опасност мигранти да доаѓаат во Македонија и сите ја поддржале резолуцијата за прекинување на овој план.
Резолуцијата не е партиско решение и предлог, туку се работи за државничко и граѓанско прашање и договорот со народот, рече Филипче.
Резолуцијата треба да гарантира дека нема да се прифатат мигранти во Македонија и ги повика ВМРО-ДПМНЕ заеднички да ја потпишат резолуцијата и да ја изгласаат во Собранието.
