Вести Македонија Топ вести

Упад во Инфомакс за време на програма во живо- уапсен е напаѓачот

За врема на поткаст во редакцијата на Инфомакс синоќа десетина минути пред полноќ, маж влетал во студиото откако искршил две врати. Поткастот се емитувал во живо, а водителите веднаш повикале полиција.

Министерство за внатрешни работи го потврди инцидентот и соопшти дека е уапсено лицето кое упаднало во студиото веднаш откако била добиената пријава.

МВР соопшти дека Александар Митовски, водител на емисија на порталот Инфомакс, во СВР Скопје пријавил дека во редакцијата на порталот, лоцирана на ул. „Востаничка“ во населба Црниче во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на емисијата, во која гостин бил поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.

-Подоцна е утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано во Психијатриска болница Бардовци. По целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Министерството за внатрешни работи и во иднина брзо и неселективно ќе ги санкционира сите случаи на напади на новинари или друго нарушување на јавниот ред и мир и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, објави МВР.

СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за упадот во Инфомакс, ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе