Вести Македонија Топ вести

Одбраната го впери прстот кон обвинителството, каде било 13 години да регира за „Пулс“?

Зошто  се гонат поранешни, а не актулени министри и директори за пожарот „Пулс“ и зошто обвинителството по допрен глас не реагирало за незаконско работење на кочанската дискотека, праша адвокатот Петре Шилегов на денешното рочиште во судницата во Идризово во одбрана на неговиот клиент, пензионираниот службеник од министерство за економија Шофкет Хазари.

  • „Обвинителе, ако постоел тој јавашлук, како што тврдите, што правевте вие овие 13 години? Што правевте? Ако ја прифатиме ваквата теорија, тогаш обвинителот требаше да го слуша, а не да го чита обвинението. Има и друг начин да се фатат виновниците, и тоа за други дела, не за овие,“ рече Пилегов.

Одбраната на Размена Чекиќ Дуровиќ, државен секретар во министерството која ставила потпис на една лиценца за „Пулс“ во 2023 година посочи дека биле прибрани сите потребни документи за издавање на лиценцата и бил ставен печат од Државниот пазарен инспекторат, кој проверува дали се исполнети минимално техничките услови.

  • „Во ситуација кога пријавата за исполнување на минимално техничките услови за вршење на угостителска дејност е ставен печат од ДПИ Кочани, Минситерството за кономија нема никаква надленост да врши контрола или надзор на ДПИ или објектот“, рече Ристевски.

И друг обвинет службеник од Министерството за економија, Зоран Николовски се бранеше дека не им било надлежност да вршат контрола на угостителски објекти, туку само да ги проверат документите од Државниот пазарен инспекторат.

  • „Никогаш во животот не су м излегол ни знам кај е Пулс, ниту друг објект, ниту сум имал обврска и надлежност по  акон да вршам проверка на било какви услови“, рече тој.

А истото го посочи и адвокатата Софија Лаличиќ на другите обвинети службеници Беким Хаџиу и Арлинда Касапи од министерството дека нивната работа е само административна, а не инспекциска.

  • „Тие работат со документација пдонесена од правни субјекти, која е заверена потпишана и со одговорност од други институции. Нивната работа е канцелариска обработка на документи, а не проверка на објекти“, изјави Лаличиќ.

Пазарната инсекторка Блашка Ефтимова пред судот рече дека само еднаш била во контрола во Пулс во 2012 година и објектот тогаш ги исполнувал сите потребни услови.

  • „После тоа што се случувало во 2025 година јас не можам да кажам, бидејќи никогаш повеќе не сум добила налог да одам во Пулс, кое повеќе и не било кабаре.“

Одбраната на другите пазарни инспектори се сведуваше на тоа дека само си ја вршеле својата работа, а планот за инспекции го правел директорот, а го одобрувале инспекциските совети.

Во меѓувреме од притвор е пуштен Џеваир Камбери, обвинетиот службеник од минстерството за економија бидејќи обезбедил гаранција. Камбери се гони и дека примил поткуп од речиси 4000 евра за да обезбеди лиценца за „Пулс“. Во пожарот во кочанската дискотека на 16 март  загинаа 63 луѓе а повеќе од 220 беа повредени. На следното рочиште се очекува воведниот говор на одбраната на Александар Нацев, вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување Рубикон.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе