Мајка пријавила дека машко лице ја допирало и вознемирило нејзината 12-годишна малолетна ќерка. Настанот се случил кон крајот на ноември, кога 12-годишно девојче било недолично допирано од непознато машко лице во парк на територија на општина Аеродром.
Случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето на 26 ноември 2025 година. Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
