Политикологот Ѓузелов во вечерашната емисија Вин-Вин истакна дека власта успеаја да се консолидира со големата победа на локалните избори, но не беше очекувано како помалата партија ВЛЕН ќе победи на изборите. Според Ѓузелов власта сега е во комотен период, а и немаат некој од страна кој би ги предизвикал.
„Втората димензија е имајќи предвид каков бришан простор сега имаат се намалува просторот за оправдување зошто не се спроведуваат работите од таа раководна димензија, односно како да се менаџираат институциите. Пример во последните години на владеењето на СДСМ заради неизвесноста на политички план и нивниот раководен капацитет беше речиси непостоечки и имаше многу лошо раководење. Сега овие дојдоа на сцена со ветувања, дека ќе раководат многу подобро, дека ќе имплементираат политики, дека ќе прават реформи, дека ќе прават крупни резови, но тоа засега не го забележуваме“, рече Ѓузелов.
Тој додаде дека обврските за Реформската агенда преземени од државата се со мала реализација.
Т.Д.
