Во ноември годинава, инфлацијата во Македонија забележа раст од 4% во однос на истиот месец минатата година, а индексот на цените на мало се зголеми за 3 отсто.Според податоците, индексот на цените на мало во ноември во однос на октомври 2025 година изнесува 100,6.
Најголем придонес за зголемување на трошоците на животот имаа групите транспорт со раст од 1,7%, рекреација и култура за 0,9%, како и храна и безалкохолни пијалаци со раст од 0,7%. Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата забележаа пораст од 0,5%, додека ресторани и хотели, здравје по 0,3%.
Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици пораснаа за 0,2%, а комуникации, облека и обувки, како и домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,1%.
Групите разновидни стоки и услуги и образование останаа на исто ниво како минатиот месец. Податоците покажуваат дека трошоците на животот продолжуваат да растат, што го отсликува тековниот тренд на постепено зголемување на цените и инфлаторните притисоци во земјата.
Т.Д.
