Вести Македонија Топ вести

Одземени пасошите на осомничените за отпишаната пченица од државните резерви

Скопскиот кривичен суд потврди дека ги прифатиле предложените мерки за претпазливост за  сите 5 осомничени во истрагата за незаконски отпис на пченица и јачмен од државни стокови резерви. На осомничените им се одземени пасоши и им е определено редовно јавување во суд за време на истрагата која ја води скопското обвинителството.

Со истрагата се опфатени поранешниот министер за земјоделство Трајан Димковски, екс директорите на ЈП Агроберза и на Агенцијата за стокови резерви, вештак и раководител во Агенција за стокови резерви. Надлежните истражни органи наведоа дека е изготвен неточен документ со кој е направен отпис на 2 илјади тони жито од државните резерви во периодот меѓу 2019-та и 2021-ва година. Штетата на буџетот според истрагата е околу 780 илјади евра.

По отворената истрага за злоупотреба на службена положба, СДСМ реагираше бидејќи смета дека нивниот поранешен министер е приведен бидејќи јавно го критикуваше актуелниот министер Цветан Трипуновски за скандалот со ИПАРД програмата и запрените 130 милиони евра европска помош за земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ им возврати дека штитат криминалци во сопствени редови.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе