Вести Македонија Топ вести

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, дозволил пожарникари да работат без сертификати

Кривична пријава поднесе Одделението за внатрешни работи Кичево  против 51-годишниот Ф. Д. од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот Фатмир Дехари во својство на поранешен градоначалник на Општина Кичево, се товари дека несовесно постапувал при извршувањето на своите законски овластувања, прекршувајќи ги одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за пожарникарство.

Според информациите од ОВР Кичево, кривичното дело е поврзано со вработувањата во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кичево.

Ексградоначалникот од 2016 година наваму склучувал годишни договори за вработување со одредени лица во ТППЕ. По истекот на едногодишниот период, тој не извршил должен надзор и пропуштил да им ги прекине работните договори.

Со ваквиот пропуст, како што велат од полицијата, тој дозволил лицата да не се стекнат со соодветниот сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен државен орган.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе