Вести Свет Топ вести

Болсонаро, започна да ја отслужува затворската казна во полициска станица

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, започна да ја издржува 27-годишната затворска казна по историската пресуда за организирање обид за државен удар по изборите во 2022 година.

Врховниот суд ја одби неговата последна жалба, а судијата Александре де Мораес нареди тој да остане во притвор.

Болсонаро е сместен во изолирана ќелија со посебни услови, а неговата одбрана најавува нови барања за домашен притвор поради наводни здравствени проблеми… За истиот случај осудени се и повеќе негови блиски сојузници – генерали, поранешни министри и разузнавачи – додека еден од нив избегал во САД.

Судот утврди дека групата планирала насилно соборување на власта, вклучувајќи ликвидации на челните политички фигури и поттикнување бунт.

Пресудата предизвика масовни протести и политички тензии во земјата, а меѓународно внимание привлече и критиката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој процесот го нарече „лов на вештерки“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе