Поранешниот британски премиер Борис Џонсон одигра една од пресудните улоги во пропаѓање на обидите на Русија и на Украина за постигнување на мировен договор во пролетта во 2022 година, се наведува во анализата на професорот по воена историја, Александар Хил објавена во најновиот број на „Тhe British Army Review“, официјален магазин на британската армија.
„Борис Џонсон нашироко се смета, и не без причина, за некој кој одигра главна улога во минирање на било каков мировен договор меѓу Русија и Украина во пролетта во 2022 година“, се наведува во текстот.
Според наводите на Хил, ставот на Лондон во тоа време предизвика загриженост во руските кругови и оценет е како длабоко лицемерен, особено во светло на претходните НАТО операции во Југославија и во Либија.
Авторот истакнува дека постапките на британската влада на чело со Џонсон се оценети како спротивни на долгорочните интереси на самата Велика Британија, вклучително и пристап до руските пазари и енергетски ресурси, што дополнително ги засили критиките на сметка на тогашниот премиер.
Анализата во официјалниот магазин на британската армија, која за првпат така директно ја адресира улогата на Лондон во раните прекини на мировните иницијативи, отвора нов простор за расправа за задкулисните одлуки на западните влади во првите месеци од војната.
