Украина порача дека со САД било постигнато „заедничко разбирање“ за американскиот мировен план чија цел е да ја заврши војната со Русија.
Предлогот е базиран на планот во 28 точки кој му беше претставен на официјален Киев минатата недела, на кој потоа американските и украинските претставници работеа во текот на викендот во Женева.
Во објава на социјалните мрежи, Доналд Трамп, напиша дека оригиналниот план бил прецизиран, со дополнителни поенти од двете страни.
„Го упатив мојот специјален пратеник Стив Витков да се сретне со Претседателот Путин во Москва а истовремено, секретарот на Армијата Ден Дрискол ќе се сретне со Украинците“ – додава Трамп.
Официјален Кремљ претходно соопшти дека Русија не била консултирана за новиот нацт план, предупредувајќи дека може да не ги прифати промените на претходната верзија.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, предупреди дека додека Москва можеби била подготвена да ја прифати првичната американска верзија, ситуацијата ќе биде „фундаментално поинаква“, доколку тој план бил суштински променет.
Н.И
