Вести Македонија Топ вести

Се преземаат мерки за откривање на причините за смртта кај 42-годишник од Тетово, кој беше најден застрелан во автомобил

Обвинителството издаде повеќе наредби со цел откривање на причите за смртта на 42 годишник кој беше најден застрела во неговиот автомобил вчера во атар на селото Нераште во Општина Теарце.

Тетовското Обвинителство со повеќе наредби за преземање мерки ќе се обиде да ги открие причините и точниот начин на смртта кај 42 годишник од Тетово, за која првично има сомневање дека е резултат на кривично дело односно убиство.

Човекот од Тетово беше најден вчера во неговиот автомобил,  облеан со крв на главата, а на предното автомобилско стакло имало дупка од куршум.

  • Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази. По наредбите се постапува, соопшти денес Јавното Обвинителство.

Во неделата околу 18 часот сега починатиот 42-годишник со иницијали А.Б излегол од дома и не се јавувал на телефонските повици. Поради тоа неговата 33 годишна сопруга осум часа подоцна го пријавила случајот во полицијата.

СВР Тетово информираше дека вчера околу 16.15 часот во ниви во атар на село Нераште полицајци од одделението во Теарце  забележале паркирано возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици, каде имало машко лице без знаци на живот. По увидот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово било потврдено дека се работи за А.Б. од Тетово.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе