Вести Економија Топ вести

Партијата на пензионери бара повисок лимит за бесплатно болничко лекување

Партијата на пензионери  апелира и бара од Владата веднаш да го покачи утврдениот износ за бесплатно здравствено лекување во болница за пензионерите со мали примања.

Oд март 2025 год. со зголемување на пензиите за 2500 денари, минималната пензија го достигна прагот од 18.292 денари, додека лимитот за бесплатно болничко лекување сеуште е 18.000 денари. Со самиот тој факт, подолг период ни еден пензионер во државата не е ослободен од партиципација за болничко лекување што најмногу ги погодува пензионерите со најниските пензии и нивните семејства. Мора да се нагласи дека овој проблем е уште посложен, бидејќи во исто време ние имаме и највисоки цени на лековите во регионот, посочуваат од партијата. 

Тие додадоа дека постојниот лимит е недоволен и не ги покрива основните потреби на оваа категорија граѓани.

-Бараме итно решение кое ќе им овозможи достоинствено лекување на нашите членови, порачаа од партијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе