Вести Економија Топ вести

Мицкоски за цената на струјата на ЕСМ- За кратко ќе биде соопштена откако ќе помине неговиот предлог на затворена владина седница

Се крои нова цена на струјата. Дали ќе има поскапување премиерот Мицксоки не сакаше да открие. По, која сума ЕСМ во следниот период ќе ја продава својата електрична енергија на Универзалниот снабдувач за домаќинствата и малите потрошувачи  ќе се  одлучува на затворена седница. Ковертот со пресметките и предлогот од електрани е веќе доставен до Владата.

Оваа година бидејќи ќе биде годишен тендерот нема да биде полугодишен како до сега цената која што ќе ја понуди на тендерот ЕСМ, а ќе биде мој предлог на Влада, ќе се знае за многу кратко бидејќи е дел од затворена седница на Влада така што бидете трпеливи. ќе ја дознаете.

Тендерот ЕВН ХОУМ на кој треба да стигнат понудите ќе биде објавен во четврток.

Во моментов цената по која ЕСМ ја продава струјата за домаќинствата и малите потрошувачи е 62 евра за мегават час. Ова е далеку пониско од производната која надминува 100 евра.

Компанијата подолго време се бори да ја подобри ликвидноста. Во моментов според последните податоци заклучно со септември минусот во касата на ЕСМ надминува 90 милиони евра. За истиот период произвеле околу 30 отсто помалку, па за да се надоместат потребите од струја за набавки потрошени се над 60 милиони евра.

До крајот на месецов и регулаторите треба да донесат нова цена за преносот и дистрибуцијата ставка која е во фактурите за електрична енергија. Но во овој дел неодамна првиот регулатор Бислимовски кажа дека не очекува некои промени.

Сепак, какви сметките ќе плаќаат граѓаните по Нова година најмногу ќе зависи од понудата на цената на ЕСМ.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе