Вести Македонија Топ вести

Жалбата на Гордана Јанкуловска за предметот „Тенк“ пред судот во Стразбур

Апликацијата на екс министерката Гордана Јанкуловска за предметот „Тенк“ ја помина првата фаза во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. На ред е Владата, која треба да одговори на 10-тина прашања кои произлегуваат од забелешките на Јанкуловска, а меѓу другото се поврзани со правото на фер судење, користењето на бомбите како докази, правото на одбрана, правото на еднаквост од оружјата, право на независен и непристрасен суд.

Јанкулоска беше осудена на четири години затвор за предметот „Тенк“ за набавката на мерцедесот од 600-тини илјади евра, што го отвори тогашното Специјално јавно обвинителство. Таа излезе од Идризово во ноември во 2023 година со условен отпуст 11 месеци пред истек на казната.

Денеска на социјалните мрежи напиша „овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на мене лично, туку и потврда дека токму тие инсталации беа најмоќната алатка за остварување на целите на таа влада“. Нејзиниот адвокат очекува судот во Стразбур да одлучи во нивна корист, а потоа да бараат ново судење во земјава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе