Вести Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 17.11.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,335%, кај дизелот има зголемување за 1,379%, кај екстра лесното масло има исто така зголемување за 0,510%  и кај мазутот има намалување за 3,089%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0455%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,756 ден/кг и сега ќе изнесува 34,865 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Стари цени Нови цени  
  Од 18.11.2025 Од 25.11.2025  
       
Дериват ден/лит ден/лит  
       
ЕУРОСУПЕР БС  – 95 75,50 75,00  
ЕУРОСУПЕР БС  – 98 77,50 77,00  
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 72,50 73,00  
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 69,50 69,50  
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 73,50 74,00  
       
МЕТАН 57,00 ден/кг 57,00 ден/кг  
АВТОПЛИН 44,50 ден/кг 44,50 ден/кг  
МАЗУТ 35,621 ден/кг 34,865 ден/кг  
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 повеќе пари за капитални инвестиции и стабилни јавни финансии

Дејан Дејан

(видео)Жерновски: Во која европска земја после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?

Дејан Дејан

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе