Вести Свет Топ вести

Кремљ: Европскиот контрапредлог на планот на САД е неприфалив за Москва

Европскиот контрапредлог на американскиот план од 28 точки за мир во Украина е „целосно неконструктивен и не е прифатлив за Москва“, соопштено е денеска од Кремљ. Советникот на рускио претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков рече дека аспекти од планот на САД, предложен минатата недела, повеќе ѝ одговараат на Русија, иако некои прашања бараат подетални преговори, пренесува „Ројтерс“.

„Не сите, но многу ордедби на тој план нѝ делуваат сосема прифатливо“, изјави Ушаков пред новинарите во Москва.

„Што се однесува до плановите што се шират, утрово дознавме за европски план кој, на прв поглед, е целосно неконструктивен и не нѝ одговара“, додаде Ушаков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе