Вести Македонија Топ вести

Илјадници пластични шишиња повторно пловат по Вардар кај Општина Јегуновце

Реката Вардар повторно се соочува со сериозна еколошка закана, откако денес пак се забележани илјадници пластични шишиња и огромно количество комунален отпад кои пловеа долж течението. Жителите на Раотинце во тетовската Општина Јегуновце го снимија овој еколошки инцидент, исто како и на 27 октомври. И тогаш илјадници пластични шишиња со часови се движеа по течението на најголемата македонска река.

Градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, како и пред два месеца, вели дека собирањето смет не е проблем и претставува редовна процедура која лесно се прави поради малиот број на жители. Тој информираше дека за денешниот инцидент, веднаш било пријавено во полицијата со цел да се најде доколку некој тоа го прави со намера.

„Денеска, на жалост за овој настан пак што се случи повторно во Општина јегуновце, поточно по течението на реката Вардар има испуштено голема количина на пластични шишиња и комунален отпад и граѓаните реагираа до општината каде што ние соодветно ги известивме сите надлежни институции, почнувајќи од МВР и другите државни институции. Го пријавивме слуачјот, како непознат сторител и вистина е дека тој а комунален смет и ѓубре доаѓа по течението на реката Вардар од други соседни општини“, изјави Димитар Костадиноски, градоначалник на Општина Јегуновце.

Костадиноски потсетува дека општината на неколку места има поставено и видеокамери со цел да се открие ваквото нелегално фрлање на големи колични смет.

Во октомври Министерството за животна средина и просторно планирање во соопштение како причина за оваа појава посочи на „Незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, особено во руралните средини“.  Воедно тогаш и најавија измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем за ваква инспекција во насока на поефикасна и поефективна контрола во областа на животната средина.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе