Вести Македонија

Десет месеци затвор за гинекологот В.Ч. кој бил во тимот за изведување на царски рез на Маја Кадиева, која почина при породувањето

Десет месеци затворска казна доби гинекологот В.Ч. кој во 2015 година бил во тимот за изведување на царски рез на Маја Кадиева, која почина во болницата во Гевгелија заедно со нејзиното бебе по неуспешно воведување под анестезија од страна на двајца анестезиолози под дејство на алкохол. Ова го покажува пресудата, што минатиот месец ја донел Врховниот суд, а во која увид имал „Слободен печат“.

Постапката почна против четворица обвинети, двајца анестезиолози и двајца гинеколози. Во текот на постапката починаа двајцата анестезиолози, по што Обвинителството ја продолжи постапката против двајцата гинеколози. Едниот доби условна казна, а вториот, В.Ч. е осуден на 10 месеци ефективна затворска казна.

  • Врховниот суд делумно ја уважи жалбата на Вишото јавно обвинителство и ја преиначи пресудата на Апелациониот суд од 24 март годинава, на начин што докторот В.Ч. од Гевгелија осуден за тешки дела против здравјето на луѓето го осудува на казна затвор од 10 месеци, со која казна може да се очекува дека ќе се изврши доволно воспитно влијание врз обвинетиот во иднина да не се јавува како сторител на вакви и слични кривични дела, како и дека позитивно ќе се влијае на планот на генералната превенција, пишува во пресудата.

За другиот гинеколог потврдена е условната казна. Смртта кај Кадиева и бебето настапила поради загушување односно недостиг на кислород.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 повеќе пари за капитални инвестиции и стабилни јавни финансии

Дејан Дејан

(видео)Жерновски: Во која европска земја после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?

Дејан Дејан

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе