Вести Македонија Најважни

Анкетна во Собранието за Кочани, Ласкарци, Беса и Модуларната?! 

Наместо само за кочанската трагедија, на повидок е Анкетна комисија за сите големи несреќни случаи од изминатите години. Пратениците од мнозинството поднесоа свое барање за комисија која ќе утврдува одговорност и за пожарот во модуларната болница во Тетово, сообраќајната несреќа на „Дурмо Турс“ во Ласкарци и сообраќајната несреќа на „Беса Транс“ во Бугарија.

Иницијативата на Левица и на СДСМ за Анкетна комисија за Кочани претседателот на Собранието им ја врати на доработка затоа што покрај претседател, бараат и мнозинство, СДСМ и ДУИ да имаат по четворица членови, ВМРО-ДПМНЕ тројца, Вреди двајца, а ЗНАМ еден.

Но Гаши се повикува на деловникот, според кој,  опозицијата има право од нивните редови да биде претседателот на комисијата, но не и мнозинството. Според член 124, став 5 од деловникот, составот на работните тела и на анкетните комисии се утврдува во зависност од бројот на пратениците во пратеничките групи, пратениците кои не се организирани во пратеничка група и во согласност со закон.

Претседателите се од редот на пратениците на пратеничките групи во опозиција.

Овие партии имаат рок од 15 дена да го доработат барањето, по што ќе биде ставено во процедура. Во спротивно, ќе биде отфрлено како неуредно.

Пратениците од мнозинството, пак, повикувајќи се на истиот член, бараат, седум членови да бидат предложени од ВМРО- ДПМНЕ, два од СДСМ, два од ЕВРОПСКИ ФРОНТ, два од ВРЕДИ и по еден член од ЗНАМ и од ЛЕВИЦА.

  • Сите прашања мора да бидат одговорени, а сите случаи да го добијат потребниот епилог, затоа што останаа многу отворени прашања и сонмежи дека не се сите одговорни лица доведени пред лицето на правдата, изјави Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Од „Европски фронт„ биле подготвени да се приклучат кон иницијативата на СДСМ и Левица, но не се противат ниту на новата.

  • Не сме ја виделе иницијативата, но ние веќе сме се изјасниле дека поддржуваме иницијатива за Анкетна на која ќе се зборува за сите случаи, изјави Рина Ајдари, пратеничка од „Европски фронт„.

Од СДСМ обвинија дека, премиерот преку претседателот на Собранието го минира формирањето на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани. Се повикуваат на можноста, на самата седница да се утврди бројот на членови и најавија дека ќе ги искористат сите законски и деловнички механизми и повторно ќе поднесеат нова иницијатива.

Доколку се формира Анкетна комисија, секоја пратеничка група ќе има право да предложи и листа од сведоци и експерти, а извештаите од седниците ќе се доставуваат до владата и до  Јавното обвинителство.

Далиборка Демјанска

(живо)Гаши ќе ја врати на доработка иницијативата на СДСМ и Левица за формирање анкетна комисија за трагедијата во Кочани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 повеќе пари за капитални инвестиции и стабилни јавни финансии

Дејан Дејан

(видео)Жерновски: Во која европска земја после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?

Дејан Дејан

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе