Вести Македонија

Кочанскиот суд заседава за жалбите и на обвинителството и на осомничените инспектори од УЈП за притворите- одлуката не ја откриваат

Кочанскиот суд не дава информации за жалбите на обвинителството од една страна и осомничените инспектори од УЈП од друга страна за куќниот притвор.

Од судот рекоа дека денеска заседаваат, но не откриваат каква одлука е донесена. Претседателот на судот смета дека Кривичниот совет кој одлучува е тој што треба да даде информација додека обратно пак судиите од советот велат дека претседателот треба да одобри.

И покрај обидите на Телма да ја дознае одлуката, најавија информација за утре.

Судот имаше рок до денеска да реши дали ќе остане на првичната одлука за куќен притвор или пак ќе одреди поблаги мерки како што бараат осомничените или пак затворски притвор како што бара обвинителството.

Инаку двајцата инспектори од УЈП, Драган Паунов и Дуле Димитриев се осомничени дека земале поткуп и му дојавувале на синот на газдата на Пулс кога ќе има ненајавени контроли во диското.

Адвокатот на Паунов, вчера за Телма тврдеше дека за вакви дела судската пракса покажала дека до сега не е одредуван ниту куќен притвор, а не па ефективен како што тоа го бара обвинителството.

Судот во Кочани одреди куќен притвор за двајцата инспектори додека за останатите деветмина осомничени мерки за претпазливост.

Инаку Истражувачката репортерска лабораторија објави преписка меѓу Паунов и синот на газдата на дискотеката од Михајло Јованов. Меѓу другото во содржината на пораките имаше фотографии од часовник кој наводно треба да е подарок за Паунов, но и дека инспекторот испраќа пораки за контроли кои ги вршат во градот.

Паунов е брат на Даниела Димовска, претседателката на Кривичен суд  во Скопје каде започна судењето против 35 мина обвинети за пожарот во Пулс во кој загинаа 63 млади луѓе. Таа реагираше дека нема никаква поврзаност со предметот на нејзиниот брат.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реформската агенда во фокус: Власта уверува дека има напредок, опозиција алармира за застој и изолација

Дејан Дејан

Доцова по средбата со Гаши: Потребно е да се направат уставни измени

Дејан Дејан

Буџетскиот дефицит се зголемува за 110 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе