Вести Македонија

Почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија.

Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден (30 ноември 2025) до 24:00 часот.

Како што информира ДИК, Подрачно одделение на Државна изборна комисја – Гостивар е надлежно за собирање потписи за градоначалник на општините Гостивар, Маврово и Ростуше и Врапчиште, а канцеларијата на Државна изборна комисија – Дебар е надлежна за собирање на потписи за градоначалник на општина Центар Жупа.

Постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на овие четири општини завршува на 30 ноември 2025 година во 24 часот.

Повторените избори за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа се одржуваат поради непостигнат цензус на Локалните избори кои се одржаа на 19 октомври 2025 година поради што во овие општини не се избраа градоначалници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе