Вести Македонија

Арсовски: Се движиме кон едно српско сценарио, тоа е униполарна политичка ситуација

Не се согласувам со тезата дека македонската опозиција е во криза, во криза е СДСМ, а не македонската опозиција. СДСМ нема монопол на критиката на владеачките политики, рече аналитичарот Петар Арсовски во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Едно основно правило е дека политичкиот пазар не останува празен. Ние во основа се движиме кон едно српско сценарио, а тоа е униполарна политичка ситуација. ВМРО-ДПМНЕ доминира во центарот и околу него да се појават фрагментирани помали опозициски партии од кои СДСМ ќе биде само една од нив. Значи тој систем на сврзани садови, кога на едниот ќе му светне, на другиот ќе му се стемни, не сум сигурен дека ќе продолжи да биде таква дихотомија. Мислам дека СДСМ ја потценува својата криза во таа смисла“, смета Арсовски.

Како резултат на тоа, продолжи Арсовски, „се појавуваат порадикални партии, партии кои се и опозиција и власт, како ЗНАМ“.

„Но истовремено се појавува еден поциничен, покритички однос на јавноста кон владата. Во денешно време, во 21-ви век, во време на алгоритми, ботови, итн. на критичката јавност не ѝ е потребна партија да ја артикулира својата критика кон владата. И тоа СДСМ го заборава. Ќе дојде време во кое може да се случи СДСМ да биде непотребна, како таков артикулат. На тоа, згора да додадеме дека има криза на левицата во светот воопшто. Оваа идеолошката криза која ја зборуваме, едноставно десните партии имаат подобар перформанс во се. Подобро владеат, подобро тераат кампањи, подобро имплементираат, итн. СДСМ има демографска криза. Старите традициоинални гласачи, пензионерите кои со носталгија гласаат за СДСМ и младите, биолошки се намалуваат. Едните се исселуваат, едните биолошки ги снемува“, истакна Арсовски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе