Вести Македонија Топ вести

В недела ќе се гласа во 33 општини, се дистрибуираат гласачките ливчиња

Почна дистрибуцијата на избирачките ливчиња за гласањето на вториот круг на локалните избори кое ќе се одржи в недела на 2 ноември. Печатницата „Киро Дандаро“ во Битола испечати 1.013.357 гласачки ливчиња.

Во сабота ќе гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии (ОИК). Нема да се гласа во Гостивар, во Врапчиште, во Центар Жупа и во Маврово/Ростуше, каде немаше цензус во првиот круг. Во рок од 60 дена од објавување на конечните резултати од локалните избори ќе биде спроведено ново гласање во овие четири општини.

Во вториот круг ќе се избираат градоначалници во 33 општини. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе си ги одмерат силите во 16 општини. Во скопско битка меѓу двете партии ќе има во две општини. Во Аеродром меѓу Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Трајановски од СДСМ, како и во Чучер Сандево меѓу Сашко Комненовиќ од СДСМ и Зоран Бајовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во скопските оштини ќе се гласа и за градоначлник на Карпош, каде Стевчо Јакимовски од „Искуство за успех“ ќе се соочи со Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ. Додека пак СДСМ има свој кандидат во вториот круг во Центар и во Шуто Оризари. За прв човек на Град Скопје во првиот круг водеше Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ наспроти Амар Мециновиќ од Левица.

Останатите оштини низ државата каде во трката се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се Валандово, Виница, Демир Капија,  Дојран, Зрновци, Конче, Крушево, како и Лозово, Македонска Каменица, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман и Чешиново Облешево.

Националната алијанса за интеграција (НАИ) ќе се соочи со коалицијата Вреди во Тетово и во Боговиње. ВМРО-ДПМНЕ против својот коалиционен партнер Вреди ќе се натпреварува во Брвеница и Долнени, а против ДУИ во Кичево. Група избирачи шанса во вториот круг за своите кандидати има во осум општини. Во Дебарца, Кочани, Македонски брод и Могила ќе се соочат со ВМРО-ДПМНЕ.

Во Дебар во трка се со Вреди, а во Струга и Студеничани со НАИ. Движењето ЗНАМ има свој кандидат во Куманово, каде Максим Димитриевски се бори за нов мандат со Горан Стојковски-Диро од Група избирачи.

Во првиот изборен круг беа избрани градоначалници во 44 општини. Локалните избори, според информациите на ДИК, ќе ги следат 1.569 набљудувачи од кои 904 домашни и 651 меѓународни, акредитирани за известување од изборите се и 14 странски новинари.

Maрија Митевска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Протест на вработените во ГТЦ кои примаат минимална плата

Дејан Дејан

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе