Здружението „16 март 2025 – Кочани“ ги известува граѓаните кои даваат поддршка на барањето правда за загинатите во трагедијата во „Пулс“ дека претстојната сабота, на 1. ноември нема да се одржи „Марш за ангелите“ за достојно да се одбележи верскиот празник Задушница.
- Ден за да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас, стои во краткото известување од Здружението.
Следниот „Марш за ангелите“ ќе биде најавен дополнително.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
