Емисии Магазин Промо тв

ИГРИ НА ОСНОВАЧИТЕ

На 10 ноември ТВ Телма започна да го емитува првото балканско реално шоу посветено на претприемачи и стартапи, “The Founder Games”.

“The Founder Games” ги следи основачите на 20 стартапи од 13 земји. Снимањето траеше пет месеци. Камерите беа вклучени во моменти кои обично остануваат затворени за јавноста, ги регистрираа непријатните разговори со инвеститори, планирањето на буџети, несогласувањата меѓу ко-основачите, обидите за спас на производ и останување во натпреварот.

Фокусот на шоуто не се инвеститорите, туку луѓето кои се обидуваат од бизнис идеја да изградат одржлива компанија. Најдобрите тимови добиваат можност за пристап до инвестициски тек од 2 милиони евра. Победничкиот тим добива и патување во Силиконската Долина за директни деловни контакти и отворање потенцијал за влез на глобален пазар.

Создавач и извршен продуцент на “The Founder Games” е Сања Митровска, основач на стартапот Нетворкер од Скопје.

„Преку ова шоу, целта ни е да ги инспирираме претприемачите да размислуваат глобално од самиот почеток и да веруваат во својот потенцијал. Споделувајќи го секој чекор од нивното патување, успесите, падовите, и истрајноста што ја бара успехот, сакаме да ја испратиме пораката: и вие можете!“, вели Митровска.

Публиката уште по првата епизода ќе има свои фаворити меѓу основачите и со секоја следна епизода напнатоста ќе расте околу тоа кој ќе испадне, а кој ќе продолжи кон целта и ќе освои почетна инвестиција.

Не пропуштајте ја македонската премиера на шоуто кое од 10 ноември, ќе се емитува од понеделник до четврток на Телма, во 22.15 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Најавената владина реконструкција – промени или шминка?

Sasko Dimovski

Топ тема: Колку ревизорските извештаи завршуваат како четиво кај обвинителите за покренување истрага?

Sasko Dimovski

Топ тема: Кој е учинокот на владата и парламентарното мнозинство во изминатите две години?

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе