Вести Македонија

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ најавија нов протест

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ за денеска најавија нов протест поради неисплатена плата за месец септември. Според информациите ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ во периодот од 7 до 9 часот. Вчера пак со блокада на крстосницата пред Зоолошката градина и булеварот „Илинден“ кај Матично, испратија последно предупредување кон раководството на претпријатието пред како што истакнаа да ги радикализираат протестите. Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, информираше дека вработените сè уште немаат земено ниту регрес за годишен одмор, јубилејни награди или отпремнина за пензионирани лица. Синдикатот веќе поднел пријави до Државниот инспекторат за труд, како и кривична пријава против директорот за неисплата на К-15.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како ќе изгледа реконстрираниот владин кабинет – смени во поголем дел од министерствата

Дејан Дејан

Како што носите телефон со вас, земете и шише со вода – од Брзата помош со препораки до граѓаните

Дејан Дејан

Пониски придонеси, прекини во стажот и работа за странство – МАПАС ги објаснува причините за мали пензии по изјавата на гувернерот која ги вознемири граѓаните

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе