Вести Свет Топ вести

Трамп во Јапонија- пораснаа акциите на азиските берзи

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Јапонија каде што за прв пат ќе се сретне со новата премиерка Санае Такаичи. За време на летот кон Токио, Трамп рече дека ќе зборува за „големото пријателство“ меѓу САД и Јапонија. „Слушнав феноменални работи“ за Такаичи, рече Трамп истакнувајќи ја нејзината блискост со веќе починатиот јапонски премиер Шинзо Абе, со кого пак Трамп беше поврзуван преку заедничката љубов кон голфот.

  • Имаме големо пријателство, ќе се сретнам со новата премиерката, слушнав феноменални работи за неа, таа беше соработник на Шинзо Абе, тој беше и мој пријател, поранешниот јапонски премиер- Доналд Трамп, претседател на САД.

Такаичи е првата жена премиер во Јапонија, ова е нејзино прво меѓународно појавување. Таа се залага за зголемување на трошоците за одбрана, а тоа ги зголеми цените на акциите кај големите корпорации, како што е „Кавасаки Хеви Индустрис“.

Трамп долго време се жалеше дека американските автомобили беа исклучени од јапонските пазари, една од причините кои ги наведе за воведување тарифи од 25%, кои потоа ги намали на 15%. Затоа, јапонската влада предложи купување возен парк на камиони „Форд Ф-150“ што ќе ги користи за инспекција на патиштата и инфраструктурата.

Денеска азиските акции пораснаа, а американските фјучерси скокнаа, при што јапонскиот референтен индекс Nikkei 225 за прв пат надмина 50.000.

Во Јапонија, анкетите на јавното мислење покажаа дека новоизбраната премиерка Санае Такаичи ужива високо ниво на јавна поддршка за нејзините политики кои се ориентирани кон пазарот.

  • Очигледно таа има поддршка од 74% и навистина се дига голема врева за тоа што ќе прави со своите политики. И еден од главните фокуси ќе биде одбраната и како таа ќе се стреми да ја изгради таа индустрија во целосна извозна индустрија за Јапонија, што потенцијално одамна требаше. Значи, ова ги привлекува сите големи капитализации на пазарот, што објаснува зошто денес гледаме дека Nikkei 225 напредува многу агресивно. И да, преку психолошката бариера од 50.000 е исклучително позитивно- Нил Њуман, генерален директор на „Астрис Адвајсвејшн“ во Јапонија.

 Аналитичарите сметаат дека се можни две намалувања на каматните стапки од Федералните резерви, што ќе влијане и врз американскиот долар и врз јапонскиот јен, можна е девалвација на доларот, а зголемување на вредноста на јенот, што ќе биде добро за јапонската економија.

Трамп ја помина неделата во Малезија, каде што учествуваше на регионален самит. Неговиот фокус во Азија несомнено беше трговијата и неговата желба да ја преуреди меѓународната економија согласно неговата визија за „Америка на прво место“. Во текот на неделата тој би можело да се сретне и со и кинескиот лидер Си Џинпинг.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе