Вести Свет Топ вести

Голем напад со дронови врз Москва

Руската противвоздушна одбрана соборила десетици дронови кои се движеле кон Москва, изјавија руски функционери, додавајќи дека тие биле дел од поголем украински напад. Тие велат дека над други руски региони биле соборени речиси 160 дронови, при што загинало најмалку едно лице, а пет биле ранети.

Руското министерство за одбрана кажа дека 34 украински дронови биле соборени додека биле на пат кон Москва, при што немало големи штети. Од безбедносни причини привремено биле затворени два од четирите главни аеродроми во Москва.

Руски канали на Телеграм објавија дека експлозии се слушнале во повеќе делови од градот и во околните области и дека избувнал пожар во едно складиште за нафта.

„Севкупно, над Русија беа соборени 193 украински дронови, од кои 47 над Брјанск. Таму бил погоден минибус, при што загинал возачот, а петмина патници биле ранети“, кажаа руските власти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе