Рјазањ повторно е под чад, откако укарински дронови во текот на ноќта ја погодија најголемата рафинерија на Росњефт, што е трет удар врз клучната постројка во последните три месеци.
Гувернерот на областа Рјазањ, Павел Малков, го потврди пожарот кој, како што рече, избувнал како последица на пад на остатоци од украински дрон. Тој додаде дека жртви во нападот нема и во тек се проценки на причинетата материјална штета. Според него, руската противвоздушна одбрана наводно уништила 14 украински дронови над регионот.
И рускиот Телеграм канал Астра објави дека цел на нападот била рафинеријата за нафта во Рјазањ која важи за најголема постројка во сопственост на Росњефт. Станува збор за рафинерија со годишен капацитет од 13,8 милиони тони која го снабдува со гориво регионот на Москва и други области.
С.Д.
