Поранешната директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ е обвинета за сериозни злоупотреби на службената положба, фалсификување исправа и незаконски исплати во вредност од над 1,4 милиони денари.
Битолското обвинителство соопшти дека поранешната директорка си исплатила неоправдани трошоци при службени патувања во Србија и во Унгарија, а на вработен неосновано му исплаќала надоместоци и дневници. Без тендер склучила договор за сметководствени услуги и склучувала договори на дело без согласност од Министерството за финансии.
Обвинетата за да го оправда своето отсуство составувала лажни патни налози и со службеното возило патувала надвор во државата во девет случаи, а за да ги прикрие овие податоци го променила и записникот на Управниот одбор на Државниот ученички дом.
