Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека би можел да дозволи на Киев да му се испорачаат ракети со долг дострел „Томахавк“, ако Русија не ја заврши војната против Украина. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, претходно рече дека ракетите нема да претставуваат голема закана за неговата земја, но предупреди дека потегот би бил нова фаза на ескалација на односите меѓу Вашингтон и Москва.
„Украина би сакала да има ракети ‘Томахавк’. Би можел да му порачам на Путин дека ако војната не престане, можеме да ги испорачаме ракетите многу лесно. Можеби нема, но можеме да го направиме тоа. Дали сакаат ракетите да одат во нивна насока (кон Русија н.з.)? Не мислам така“, изјави Трамп за новинарите на пат кон Блискиот Исток по повод мировната конференција за Појасот Газа.
