И преостанатите 13 заложници кои ги држеше Хамас се предадени на Црвениот крст, јавуваат медиумите не хебрејски јазик.
Според „Тајмс оф Израел“, повеќе нема живи заложници што ги држи палестинската милитантна група.
Израелсклата војска (ИДФ) потврди дека сите 20 живи заложници се предадени од Хамас. Во последното соопштение на ИДФ се наведува дека по првата група од седум заложници, Црвениот Крст ја презел и втората група со 13 луѓе кои се наоѓаат на пат кон подрачје во Газа под контрола на израелските сили.
С.Д.
