Вести Македонија Топ вести

Две години условна и 2.500 евра – казни за Мерко за незаконско поставување директори во две училишта

Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500 евра за „Браќа Миладиновци“ во Струга доби струшкиот градоначалник Рамис Мерко.

Условна казна од две години доби и првообвинетата Егзона Шеи, која ја извршувала функцијата в.д. директор во училиштето со фалсификувани исправи.

Судечкиот судија Јордан Јованов кажа дека доколку го повторат делото во рок од две години, ќе следува една година ефективна затворска казна. Обвинетата Шеи, според него, која засновала работен однос во училиштето како апсолвент, како приправник работела четири години и од условот за поставување директор со пет години стаж, таа четири години била приправник.

„Кај исправите постојат елементи на кривичното дело “употреба на исправа со невистинита содржина“. Тоа подразбира дека изјавата не е лажна, но она што е напишано во неа не е точно. Егзона која засновала работен однос како апсолвент како приправник работела четири години. Истиот месец кога дипломирала била избрана за в.д. директор, а стручен испит за наставник полагала кога го почнала третиот и последен мандат како в.д. директор“, истакна судијата Јованов.

Тој појасни дека таа се товареше оти фалисфикувала три исправи. Едната е уверението за приправнички стаж во кое се тврди дека го има завршено приправничкиот испит, втората е потврдата за работно искуство со која се тврди дека има пет години работела како наставник за да може да исполни услови како директор и третата исправа е мислењето на Наставничкиот совет во кое се тврди дека ги совладала предвидените компетенции.

„Со оглед на тоа дека делата се сторени со поврзани дејствија под исти околности, одлучив на сите да им биде изречена иста санкција. Овој пат со оглед на олеснителните околности, ќе биде условна осуда, така што им се утврдува казна во траење од една година, која што нема да се изврши доколку во рок од две години по правосилноста не сторат ново кривично дело“, рече Јорданов.

Незадоволни од пресудата изразија и јавниот обвинител Џемал Лога и одбраната на Мерко, Игор Петкоски, кои најавија жалба по приемот на пресудата.

„Не очекував парично, но со оглед дека за првиот предмет беше осуден условно, за вториот требаше ефективна затворска казна“, изјави обвинителот Лога.

Струшкиот градоначалник Рамис Мерко доби ослободителна пресуда за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра и парична казна од 10.000 евра за незаконско поставување директори во неколку основни училишта.

Против него во Судот во Струга се води постапка за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на Општинската зграда, а идниот месец треба да почне судскиот процес за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим.

Тој е на „црната листа“ на САД поради вмешаност во корупција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе