Вести Македонија Топ вести

Осумстотини гласачи помалку на избирачкиот список во Штип

Осумстотини гласачи има помалку на избирачкиот список за Локалните избори во Општина Штип.

Иселувањето во странство, внатрешната миграција кон Скопје и морталитетот за само 15 месеци од Парламентарните избори ја намалија бројката на избирачи, секој ден во просек од Штип си заминале по еден до двајца полнолетни граѓани или пак починале.

Но, за разлика од останатите градови на истокот, Штип  се уште е жив и динамичен образовен центар, од септември тековната  до јули наредната година собира околу 8.000 млади луѓе-студенти запишани на Универзитетот „Гоце Делчев“. Младите велат дека ретко кој ги прашува за мислење и решенија. Сметаат дека желбата за да се замине надвор од земјата е поради ниските плати и вработувањето со помош на партијата.

  • Младите најчесто се иселуваат од државата, најчесто заради ниските плати. Не е организиран системот сега да кажам за нашиот факултет е малку подобро од другите. Слушам колегите од Скопје, некои колеги од Битола како им е, едноставно неорганизирано. Вработувањата одат потоа скроз поразлично, не одат ниту по просекот, ниту по нешто друго, едноставно си се вработуваат фамилијарно. Па да завршам факултет можеби да, ама не знам ќе видиме каде ќе ме однесе животот.
  • Дали ваши пријатели, другарки се иселени? Па да има голем број, да и тоа се заради повеќе можности во странство.
  • Зошто младите се иселуваат од државата? Зошто се иселуваат?
  • Немаат никаква егзистенција тука во Македонија. Нема на што да се надеваат, немаат работни места, не можат да се мажат, да се женат. Таму просперираат поубаво, се што сме чуле е дека таму е поубаво, него тука. Па заради системот на општеството. Тоа е.

И истражувањата на универзитетскиот професор на штипскиот Правен факултет, Страшко Стојановски заедно со студентите во изминатите 15 години покажуваат дека причини за надворешна миграција на младите е пред се економскиот фактор, а на второ место е релативната политичка нестабилност, перманентиот политички притисок и мобилизација, како и висок степен на политизација на општеството.

  • Значи не е едно истражување и веќе имаме лонгитудален карактер на истражувањата и забележавме тренд на опаѓање на иселувањето, особено на надворешното иселување. Значи општата перцепција за иселување се намали за речиси 80% на нешто повеќе од 50%, што е исто така голем проблем и е над просекот на Југоисточна Европа, еве ако гледаме податоци на слични истражувања, на ниво на Југоисточна Европа. Ако зборуваме пак за внатрешното иселување клучен фактор е децентрализацијата, сега се наоѓаме пред Локални избори и ова прашање можеби сега е најдобар момент повторно да го потенцираме- Страшко Стојановски универзитетски професор на Правен факултет при УГД-Штип.

Стојановски вели дека последните години загрижува и образовната миграција на младите, пред се на Универзитетите во Словенија, каде што според податоците на министерството за образование и наука студираат 2.000 македонски граѓани.

  • Можевме да забележиме дека во период од пет години мотивацијата за образовна миграција надвор од државата се зголеми за 100%, односно од некои 12% се зголеми на околу 22%. Што значи дека младите сакаат да заминат и да студираат во други држави и идејата е дека тие би се вратиле. Но, имајќи во предвид особено демографските политики, коишто ги градат други држави особено тука е Словенија, сега последните години се склучија вакви договори и со Хрватска. Словенија настојува на пример да ги задржи младите, коишто студираат таму и оваа привремена миграција, потоа се трансформира во трајна миграција- Стојановски.

На околу 100  километри од Штип е Бугарија, земја членка на ЕУ. И таму младите и семејствата се иселуваат во странство, но според универзитетскиот професор Дилан Ѓорѓиев од Тракискиот универзитет во Стара Загора во последниот период овие процеси се забавени и забележан е тренд на враќање на населението во Бугарија.

  • Најголема причина за враќање на иселенити е зголемување на платите. Од 1 јануари се очекува еден потрес, затоа што го воведуваме еврото и не знам како тоа ќе влијае врз доходите, вели Ѓорѓиев.

Инаку за 20 години, според последниот Попис во 2021  од 11 те општини од Брегалничкиот регион се иселиле 31.624 жители, или си заминале жители како од еден град со големина на Кочани. Според научната фела оваа бројка  е симптоматична, и сметаат дека бројот на иселени е многу поголем.

Викторија Јованова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе