Три децении после атентатот на Киро Глигоров, истрагата односно операција „Автомобил“ се уште е отворена, а тој настан не е расветлен ниту пак се откриени атентаторите.
Во вечерашното издание на КОД, нови сведочења за тоа дека лик на познат криминалец од Србија се поклопува со ликот од фото роботот на единствениот познат учесник во атентатот- купувач на автомобилот „Aми 8“ кој е преправен во пеколна бомба и експлодираше на 3-ти октомври 1995-та во центарот на Скопје.
Големата истрага имаше многу грешки и пропусти. КОД открива и нови сознанија за сведочења кои не биле расветлени и употребени во истрагата.
Што кажува вештачкат интелигенција за фотографиите направени ден пред атентатот на кои се гледа автомобилот бомба.
Која била трасата по која работеле атентаторите и како е креирана бомбата.
Гледајте го КОД во редовниот термин 19:15 часот на Телма
