Вести Македонија Топ вести

Во Адвокатска комора се уште не пристигнало писмото од Коцевски

Адвокатската комора сè уште не го добила писмото на државниот јавен обвинител. Првиот човек на комората Љубомир Михајловски Џанго во изјава за Телма вели дека видел дел од преписката во медиумите, но вели дека комората чека официјален допис од Коцевски. Најавува дека „адвокатската комора ќе одговори на наводите но прво сака официјално да ја видиме целата содржина на документот“.

  • Во врска со дописот од 10.10.2025 година на Јавниот обвинител на Република Северна
    Македонија дека писмено ја известил Адвокатската комора на Република Северна
    Македонија во врска со кривичниот предмет за пожарот во дискотеката Кочани, ја
    информираме јавноста дека таков допис не е добиен во Адвокатската комора.
    По приемот на дописoт, Комората ќе ги разгледа наводите и основаноста на истите во
    дописот и за тоа ќе излезе со официјално соопштение и став. Отвореното писмо на обвинителот Љупчо Коцевски предизвика бурни реакции кај адвокатите, се вели во соопштението од Адвокатската комора.

Адвокатката Сузана Јошевска- Анастасовска, која беше директно спомената во писмото, реагираше преку социјалните мрежи, оценувајќи дека тоа претставува директен притисок врз слободата на говорот и професионалната независност на адвокатите.

  • „Би сакала да го видам обвинителството со иста енергичност кога е нападнато од извршната власт, бидејќи тоа е прашање на институционален интегритет, а не на лична суета,“ напиша таа, додавајќи дека во своите јавни настапи секогаш јасно ја нагласувала улогата на бранител во конкретниот случај, а не на независен експерт.

Во писмото, пак, државниот јавен обвинител реагира на начинот на кој дел од адвокатите јавно го коментираат обвинението за пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, наведувајќи дека со тоа ја доведуваат јавноста во заблуда и го нарушуваат угледот на институциите.

Коцевски оценува дека местото за соочување на доказите е судницата, а не јавниот простор, и потсетува дека адвокатите се должни да го чуваат угледот на судот и институциите пред кои се појавуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе