Вести Култура Топ вести

(видео) Љутков внимателен по првата пресуда за платите во културата – „ќе видиме како ќе се развива ситуацијата“

Министерството за култура и туризам ќе ја следи ситуацијата и ќе донесе став околу евентуална средба со Синдикатот за култура. Вака денеска за Телма одговори министерот Зоран Љутков, откако Синдикатот ја доби првата тужба во нивна корист, за како што велат, незаконските пресметки на плати што вработените во културата ги добиваат од април наваму. Синкатот бара средба со министерот за да се најде решение на проблемот зашто следуваат уште 799 тужби за пресметките на плати што ќе предизвикаат огромни финансиски импликации врз буџетот, а од Синдикатот најавија и нови за парично побарување на разликите во плата.

Ќе видиме како ќе течат настаните и ќе донесеме став околу евентуална средба со Синдикатот за култура. Вака гласи одговорот на министерот за култура и туризам , Зоран Љутков, на прашањето на Телма, дали ќе се сретне со Синдикатот, како што бараат од таму, за да го надминат проблемот околу пресметките за плати, за вработените во институциите од културата, откако ја добија првата пресуда во нивна корист, а на министерството му се закануваат уште 799 тужби, за кои судските трошоци ќе предизвикаат значителни финансиски импликации врз буџетот.

  • Ќе видиме како ќе течат понатаму настаните. Ова е само една, која што е донесена. Јас дури вчера, веднаш после пресот побарав да ја видам пресудата . Така што во наредниот период ќе донесеме став по тоа прашање – Зоран Љутков- министер за култура и туризам.

Според министерот, со СКРМ се сретнале неколку пати пред март годинава , но имале различни мислења околу пресметките на платите. На крај, министерствата за култура и финансии и владата ја направиле пресметката, за која од Синдикатот велат дека е незаконска и затоа тужеа. Љутков кажа дека и во овој период оствариле средби со СОНК и СКРМ, разговарале за платите , но и за унапредување на Колективниот договор за култура.

Одговорот на министерот доаѓа откако вчера претседателката на Синдикатот за култура за Телма изјави дека министерството не реагира по пресудата од 11 септември и дозволува судските трошоци на товар на државниот буџет да растат зашто, според Вера Атанасовска не се само поднесени 800 тужби за пресметките за плати , туку Синдикатот веќе поднесува тужби и за парично побарување на разлика во плати.

Со порасотот на минималецот во март, вработените во институциите од културата требаше да добијат 8, 5 % повисоки плати, согласно колективните договори за култура и за јавен сектор и Законот за работни односи. Но, тие добија за 3% пониски примања со кратење од 10-те % што требаше да ги добијат според Колективниот договор за јавен сектор. Во пресудата што ја лиферуваа од Синдикатот се вели дека во министерството го пресметале зголемувањето од 10% по Колективниот договор за јавен сектор како разлика , добиена во септември 2023 година. А,  тоа зголемување треба да се додаде на основната бруто плата.

Сотир Трајков

Министерството за култура и туризам не реагира по пресудата во корист на СКРМ и дозволува судските трошоци да растат, велат од Синдикатот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДКСК отвори предмет за неправилностите во ИЈЗ: Под лупа набавки, вработувања и трошење јавни пари

Kristina Kuzmanovski

Грција најави можност за привремено суспендирање на ЕЕС на граничните премини поради големите гужви

Kristina Kuzmanovski

Со посредство на САД можна средба Зеленски-Путин?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе