Вести Свет Топ вести

Се запознале на Фејсбук, му дала 300 илјади евра сошиени во мечиња – сега наместо на прв состанок, таа е на прво судење

Дали сте се запрашале ли некогаш какво би можело да биде вашето запознавање на љубов од соништата на социјалните мрежи? Австриската докторката од Линц со сигурност може да го потврди спротивното. Жена која поради љубов ќе изгуби огромна сума на пари во онлајн романтична измама воопшто и да не е свесна за последиците. Таа се заљубува наивно на „Фејсбук“ во непостоечки доктор од САД, некое време подоцна му дава речиси 300 илјади евра, а дел од нив ќе ги зашие во мече. Наместо прв вистински состанок, денес таа има закажан состанок на суд.

Сè започнува со еден безопасен клик и прифаќање на барањето за пријателство на Фејсбук. Тој се преправа дека е доктор, и започнува да ја придобива докторката која развива чувства и се заљубува во него. Преку размена на романтични пораки и ветувања романсата добива свој облик, докторката од Линц е подготвена и му дава 300 илјади евра на непостоечкиот доктор, а подготвена е да му испрати и уште 100 илјади, сепак стапицата тогаш стапицата се затвора.

Класичен случај на таканаречена онлајн романтична измама, каде во овој случај е  68-годишната докторка од Линц. Таа губи неколку стотици илјади евра од својот онлајн љубовник, кој сè уште го нема запознаено. Таа денес наместо да беше на романтичен состанок со него, своето време го помина соочувајќи се со двајца наводни соучесници кои ја измамиле.

„Двајцата обвинети се членови на криминална организација специјализирана за романтични измами. Сепак, тие играат само мала улога, имено ракување со подигање пакети. Затоа, тие денес се соочуваат со обвиненија за сериозна измама. Сепак, двајцата негираат дека имаат каква било врска со човекот кој се преправал дека е голема љубов на жената од Линц“, објаснува Улрике Брајтенедер, портпаролка на Јавното обвинителство во Линц.

Денес, на судењето во Линц, докторката сведочеше дека веќе изгубила речиси 300.000 евра од нејзината фиктивна љубов Масимо. Таа случајот го пријавила во полиција,откако претходно се посомневала при испраќањето на последните 100 илјади евра за новеден проект за помош на украинско-полската граница.

Адресата во Грац, на која требало да биде испратено мечето, се покажала како адреса на првиот обвинет, кој, според обвинението, ја дал во име на вториот. Двајцата, сепак, категорично негираат било каква вмешаност во измамата.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе