По три години затвор добија обвинетите за предизвикување на пожар во дивата депонија Вардариште. Судот денеска ги прогласи за виновни Максуд Мемиши, Алмир Асани и Флорим Арифи, бидејќи создале депонија која предизвикала опасност по здравјето на луѓето и загадување на земјата и воздухот.
Во образложението на пресудата беше наведено дека тие, иако ниту фирма, ниту дозвола, откупувале отпад, односно старо железо, акумулатори и други материјали на импровизирани пунктови спротивно на законот за управување со отпад. Собраниот отпад го складирале на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје, а дивите депонии биле опасност по здравјето на граѓаните и ја загадиле на животната средина“.
На претходното рочиште, Мемиши, Асани и Арифи признаа вина во делот на загрозување на животната средина и природа, бидејќи складирале отпад и создале диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје, но не и за предизвикување на пожар.
