Вести Свет Топ вести

Трамп сака брзо да биде постигнат договор за ослободување на заложниците во Појасот Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп сака сите страни брзо да постигнат договор за условите за ослободување на заложниците во Појасот Газа, соопшти денеска Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит изјави дека Трамп очекува брзото ослободување на преостанатите заложници за да се создаде моментум за другите делови од планот.

– Сакаме да постигнеме брз напредок по ова прашање и претседателот сака заложниците да бидат ослободени што е можно поскоро, посочи Ливит.

Таа додаде дека е многу важно брзо да се ослободат заложниците, а потоа да се преминеме на следниот дел, создавање на мир во Појасот Газа, со што ќе се гарантира дека палестинската енклава нема да претставува закана за безбедноста на Израел или САД.

Ливит истакна дека техничките разговори што денеска се водат во Египет, во кои учествуваат специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, се фокусираат на деталите за ослободување на заложниците.

– Техничките тимови моментално разговараат за тоа како да се обезбедат совршени услови за ослободување на тие заложници. Тие го разгледуваат списокот и на израелските заложници и на политичките затвореници што ќе бидат ослободени, а тие разговори се во тек, а претседателот е многу ангажиран и редовно се информира за ситуацијата, наведе Ливит.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе