Вести Македонија Топ вести

Болните и немоќни лица имаат уште три дена да се пријават за гласање дома

Болните и немоќни лица кои нема да можат да гласаат на своето избирачко место имаат уште три дена да се пријават за гласање дома. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирач што, поради болест или немоќ не може да гласа на своето место, треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна до 10ти октомври на полноќ.

За да му се овозможи гласање во домашни услови,до истата комисија треба да се достави и соодветна медицинска документација. На 14ти октомври истекува и рокот за пријавување на лицата кои издржуваат мерка куќен притвор и сакаат да гласаат.

Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и корисниците на старски домови гласаат еден ден пред изборите-на 18ти октомври. Гласањето во домовите го спроведуваат избирачките одбори.

Според Избирачкиот список, за локалните избори 2025 се запишани вкупно 1.832.415 избирачи. Од тие, 112.000 се во во посебниот список за лица на привремена работа/престој во странство,но дијаспората не гласа на овие избори. 2.162 лица се на издржување казна затвор или во притвор, а 450 се од домовите за стари лица. Најмногу избирачи има во Тетово – 87 878, а најмалку – 1905 во Лозово.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе