Вести Македонија Топ вести

Бешлиовска: Законот за сестринска дејност треба да биде донесен со Унијата во работните групи

„Гласот на медицинските сестри мора да биде слушнат таму каде што се крои здравството на оваа држава, реагираат од Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри . Велат дека дегутантно е да бидат на ваков начин игнорирани, затоа што и покрај тоа што постоеше јасен и официјален договор со министерот за здравство за вклучување на Унијата во работните групи, на неодамнешната јавна расправа тоа не се случи – што претставува грубо прекршување на договореното и навреда за професионалната заедница.

Донесувањето на Законот за сестринска дејност со години низ лавиринтите на бирократските процеси. И кога конечно започна расправата за измени и дополнувања на 12 законски решенија во здравствениот систем, здруженијата на медицински сестри не беа поканети во процесот на работните групи и јавната расправа. Веднаш по реакцијата на Здруженијата на медицински сестри, министерот Алиу ги повика на средба на која им било соопштено дека станува збор за административен пропуст и дека секако ќе бидат консултирани за сите 12 закони и за наредните кои што ќе се носат.

Со Законот за сестринска дејност според Бешлиовска би се  регулирал правниот статус на медицинската сестра, стекнувањето лиценца, контрола на квалитетот, стручен надзор над нивната работа и прекршочни одредби при несакани случувања.

Ние сме единствената земја во регионот каде што сестрите не се озаконети, знаете што значи тоа ако немате закон немате лиценца, ако немате лиценца немате одговорност. Немате врз основа на што да одговаарате, тоа е многу сериозно нешто. Немате процес во кој што се образувате, немате вертикала, не ја следите европската директива. Што ќе биде кога ќе се отворат поглавјата за влез во Европа поглавјата за здравство, ние немаме ниту една дефиниција по основ на европската директива за образование каде што се признаените професии и валоризираните професии како што пропишани, една од нив е професијата на медицинска сестра. Значи треба само да го спроведете“, изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За Нас“.

Според Бешлиовска незамисливо е во здравствениот совет да нема ниту една медицинска сестра, ниту во работните групи ниту во комисиите за заразни болести. Медицинските сестри се веќе специјалисти во сопствените области и тоа е секако во интерес на здравјето на пациентите, додава таа .

„Ние сакаме да проектираме европска медицинска сестра, а таму имаат сестрите клинички нивоа каде што препишуваат терапија и имаат свои факсимили. Па тоа не го прават они за лично задоволство. Па тоа се прави за вредноста на пациентите. Кој е тој пациент што не сака да го лекува високообразувана сестра. Кој пациент сака да кружи околу него сестра и да вика јас имам високо ама ме плаќаат за средно. Му е гајле, значи тој сака нега, сака да си ги исполните вашите работни задачи и не може десет пациенти сабајле да ги нарани една сестра, а треба три да бидат околу нив и не може на интензивна нега една сестра на 6-7 пациенти“, додава м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За Нас“.

Се повеќе медицински сестри со долгогодишно искуство заминуваат во странство и тоа се рефлектира во сите сегменти на здравствениот систем. Според податоците на унијата „За нас“ близу 200о здравствени работници за една година ја напуштиле Македонија и за подобри услови за работа заминале да работат во западноевропските земји.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе