Вести Македонија Топ вести

Заев со одговор до Мицкоски: Со лагите за „куферчиња пари од Бугарија“ бегаш од сопствените неуспеси

Поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев, во објава на социјалните мрежи денеска ги негираше тврдењата на актуелниот премиер Христијан Мицкоски, за наводните „куферичиња пари од поранешен премиер на Бугарија“, оценувајќи ги како лаги и клевети.

Мицкоски викендов во дел од своите обраќања на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на предизборниот каравна за локалните избори, говорејќи за резолуцијата со „црвените линии“ што ја предложи актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, рече дека се сеќава на времето кога „поранешниот премиер на нашиот источен сосед јавно зборуваше дека финансиски ја помогнал таа опција на СДС директно преку куферче пари кон неговиот гуру и ментор од Струмица“.

Мицкоски укажа на фактот дека од СДСМ ниту демантираат, ниту потврдуваат за врските и парите од Бугарија.

-Ниту пак се во состојба да кажат поинаку од она што сите знаеме дека е вистината. Ќе ви се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа. И сакам една порака до сите нив: тоа што година и три месеци сè уште не стигнала правдата до вас, тоа што година и три месеци секој ден, час во денот и неделата го минувам на градење на темелите што ги рушеа, не значи дека заборавив и не работам правдата да ве стигне, вели Мицкоски.

Притоа, лидерот на владејачката партија додаде, оти е логично да се верува оти СДСМ повторно тропнале на истата врата, а дека подарокот што Бугарија може да го плати е „нов предлог за ново предавство на националните и државни интереси“.

Ваквите тврдења, експремиерот Заев вели дека се невистинити и оти се дел од очајните обиди на Мицкоски да го оттргне вниманието на јавноста од неговите неуспеси и да пренасочи кон неговите измислици.

-Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава. Неспособноста да испорача макар и еден единствен резултат во која било сфера од општеството и политиката, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ни ја повлече и државата со себе во таа провалија. Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни ‘куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија’ како невистини и како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси кон неговите измислици, вели Заев во објавата на Фејсбук.

Во неа тој додава, дека „кога сме веќе кај куферите, видовме во снимките што сами си ги пуштија во јавност дека експерти за куфери со пари се токму неговите поддржувачи и финансиери“.

„Оние за кои се фалеше дека му ги плаќале сметките за струја во Белата палата, оние несудени бугарски конзули и осудени криминалци пуштени да се бранат од слобода за да ја напаѓаат опозицијата“,додава експремиерот и поранешен лидер на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Муцунски на Дубровник форум: Со новата легитимна влада во Софија постои можност за разговор за отворените прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе